Проектот Унапредување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската унија (ЕУ) преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).Крајната цел на проектот е да се подобри трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.Тоа ќе се постигне преку подобрување на институциите и на законодавството, заедно со активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните актери (Владата, организациите на работодавачи и синдикатите) за ефективно вклучување во социјален дијалог.Проектот вклучува сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог, вклучувајќи колективно договарање на национално, гранково и локално ниво.
IMG_6648
Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти, кои треба да одговорат на предизвиците со кои, во моментот, се соочуваат националните трипартитни актери, на кохерентен и комплементарен начин:

Компонента 1: Унапредување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво

Оваа компонента се однесува на прашањата што се поврзани со трипартитниот социјален дијалог и има за цел да ја зајакне институцијата трипартитен социјален дијалог на национално ниво и да креира слични институции на локално ниво.

Преку проектот дополнително ќе се зајакнат капацитетите на институциите на национално и локално ниво и ќе се подобри нивната поврзаност.

Компонента 2: Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор

Оваа компонента има за цел зајакнување на капацитетите на креаторите на политики, органите за спроведување на законодавството и социјалните партнери во насока на развој на заеднички координиран механизам за ефективно колективно договарање и реализирање на зацртаните цели.

Проектот ќе им овозможи на организациите на работодавачи и на работници да обезбедат додадена вредност за своето членство преку наменски, навремени и корисни услуги за членовите, на тој начин добивајќи на важност и репрезентативност.

Компонента 3: Воспоставување механизам за мирно решавање на работни спорови

Спречувањето и мирното решавање на работните спорови во јавниот и приватниот сектор води кон солидни индустриски односи, кои би овозможилесоцијален мир и одржлив економски развој.
Стратегијата во рамки на оваа компонента е да се помогне на Министерството за труд и социјална политика да ги преземе неопходните законски и институционални мерки кои ќе придонесат кон воспоставување на економичен и функционален механизам за мирно решавање на работните спорови; обучување специјализирани помирувачи и арбитри за работни спорови, како и развој на информатички систем за управување со споровите и развој на индикатори за успешност.

 

 

HTML5 Icon

ИЗМИНАТИ НАСТАНИ »

27 декември 2016 – Појадок со новинари на ССМ

Како дел од комуникациската стратегија изработена во рамките на проектот Унапредување...

 
23 декември 2016 – Средба на Националниот економско социјален совет и локалните економски социјални совети

23 декември 2016 – Средба на Националниот економско социјален совет и локалните економски социјални совети

На 23 декември 2016 година, во Скопје, се одржа средба на Националниот економско-социјален...

 
20-22 декември 2016 – Помирување на работните спорови

20-22 декември 2016 – Помирување на работните спорови

Од 20 до 22 декември 2016 се одржа последната обука за помирувачи и арбитри организирана во...